Крај на професионалната кариера, Дефо и официјално се збогуваше од фудбалот

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Англија, Џермејн Дефо и официјално објави дека се пензионира како професионален фудбалер. Дефо се повлекува од фудбалот по 22 години и постигнати 305 гола. Поранешниот напаѓач на Вест Хем, Тотенхем и Англија реши да се збогува од своето „неверојатно“ патување по завршувањето на кариерата во Сандерленд.

Сега 39-годишниот Дефо ја заокружи својата професионална кариера со втор престој во Сандерленд, откако дојде од Ренџерс во јануари, при што запиша седум настапи пред да донесе одлука да стави крај на својата кариера. Џермејн им напиша на своите следбеници на Твитер дека е „вистинско време да се поклонии“ по „неверојатното патување“ и рече дека фудбалот „секогаш ќе биде во неговата крв“.

„После 22 години во игра, решив да се повлечам од професионалниот фудбал. Тоа беше навистина тешка одлука, и за која разговарав со моето семејство и најблиските“, изјави Дефо.

Се вчитува...