Белгијците први повлекоа нога: Крај на сезоната, Бриж е шампион

Раководството на фудбалската лига на Белгија донесе одлука поради пандемијата од коронавирусот шампионатот да биде прекинат и истиот прогласен за завршен, а моменталиот изглед на табелата да биде конечен.

Ден откако УЕФА даде препорака домашните првенства да се приведат кон крајот, Белгијците одлучија лигата да ја прогласат за завршена. Во моментот на прекин на шамионатот на првото место се најде Клуб Бриж, на кого ќе му биде доделена титулата, а во квалификациите за Лигата на шампионите ќе патува второпласираниот Гент.

Што се однесува до местата во Европа треба да се донесе одлука за одигрување на финалето во купот, а раководството на лигата се уште не донесе одлука дали некој ќе испадне, или од следната година лигата ќе биде проширена.

Останува да се види дали овој тренд ќе го следат и останатите фудбалски федерации ширум Европа, кои досега едногласно ги следеа препораките на УЕФА, но во дел од државите делува невозможно да дојде до продолжение на сезоната во наредните два месеци.

Се вчитува...