Уште една фудбалска сага заврши денеска откако Давид де Хеа стави крај на шпекулациите за својата иднина потпишувајќи нов четиригодишен договор со Манчестер Јунајтед. Шпанскиот голман речиси две години преговараше за продолжување на соработката, а откако влезе во последната сезона од актуелниот договор „црвените ѓаволи“ беа принудени да го направат најплатен фудбалер во тимот за да го убедат да остане.
Затоа, новиот договор со важност до 2023 година е за плата од 375.000 фунти неделно, сума повисока и од онаа што ја заработува Пол Погба.
„За мене беше чест да бидам дел од овој клуб во претходните осум години, а сега ми се укажува можност да продолжам да го носам дресот на Манчестер Јунајтед. Кога доаѓав не можев ни да замислам дека ќе одиграм над 350 натпревари за овој голем клуб. Сега кога иднината ми е осигурана, се што сакам е да помогнам тимот повторно да освојува трофеи“ – изјави Давид де Хеа по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА