Англискиот репрезентативец Конор Галагер ова лето ќе ја промени средината и дресот на Челси ќе го замени со оној на Атлетико Мадрид откако ги договори личните услови за премин на „Ванда Метраполитано“.
Младинецот на Челси беше еден од најстандардните фудбалери во „синиот“ дрес изминатата сезона во која клубот од „Стемфорд Бриџ“ се соочи со големи турболенции, а и покрај тоа што постоеше желба тој да остане дел од премиерлигашот на крајот ќе реализира еден од најбогатите трансфери ова лето кога станува збор за Шпанците.
Трансферот се очекува да биде во износ од 40 милиони евра, а Галагер ќе потпише договор за соработка со „јорганџиите“ до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА