Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш се договори со Арсенал, и ќе го носи дресот на овој тим. Тој ги договори личните услови, и ќе потпише договор до 2030 година.
Ѓокереш по секоја цена сака да го напушти Спортинг, откако беше незадоволен од изјавите на претседателот, и не сака да се врати во тимот и да игра повеќе за него. Швеѓанецот веќе го информирал клубот за својата одлука.
Ѓокереш го сврте вниманието кон себе со одличните партии во минатата сезона. За него беа заинтересирани голем број клубови, а сега ќе го предводи нападот на Арсенал во следните пет години, и ќе биде силен адут на тимот во битката за титулата во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

