Крај на сагата: Мато до крајот на сезоната како позајмен во Хартс!

Среќно заврши сагата околу Роџерс Мато. Интернационалецот од Уганда веднаш станува член на Хартс, и тоа најпрво како позајмен до крајот на сезоната, а потоа ќе се активира тригодишниот договор кој го потпиша пред неколку дена.

Со тоа се оставарија најавите од страна на Вардар дека се бара идеално решение за крилниот фудбалер. Откако ќе заврши позајмицата, потоа ќе стане и официјално играч на шкотскиот тим.

Вардар добива финансиски средства за оваа позајмица, односно нема да остане без надомест, како што се пишуваше претходно. АП Брера веројатно останува без процент од трансферот кој беше вметнат во клаузулата при трансферот од Струмица во „црвено-црните“.

22-годишниот Мато остави силен впечаток сезонава во дресот на Вардар, а добрите настапи му донесоа повик и на Африканскиот Куп на Нации, во кои играчот постигна еден гол.

Се вчитува...