Крај на сагата: Митровиќ се сели кај Сергеј во Ал Хилал (видео)

Уште една трансфер-сага заврши денеска откако Александар Митровиќ го финализираше трансферот од Фулам во Ал Хилал, каде ќе му се приклучи на својот репрезентативен колега Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Српскиот голгетер уште пред десетина дена ги договори личните услови со клубот од Саудиска Арабија, но проблем претставуваше превисоката отштета на која инсистираше Фулам. Лондонскиот клуб пред неколку дена одби 55 милиони евра од Ал Хилал за својот најдобар стрелец, по што Митровиќ почна да врши притисок врз управата, најавувајќи дека никогаш повеќе нема да заигра за овој клуб.

Фулам денеска го договори трансферот на Раул Хименез од Вулверхемптон за 5,5 милиони фунти, по што даде зелено светло и за заминувањето на Митровиќ, но финансиските детали од продажбата на Србинот засега не се обелоденуваат во јавноста.

Одличниот голгетер ќе биде четвртото европско засилување за Ал Хилал летово, по Калиду Кулибали, Рубен Невес и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Се вчитува...