Крај на сагата: Роналдо пресече и донесе одлука за неговата иднина!

Кристијано Роналдо пресекол и решил да остане во Манчестер јунајтед и следната сезона и покрај сите шпекулации околу неговата иднина. Португалецот очекува промена на Ралф Рангник и пристигнување на „сигурен“ тренер во клубот.

Според шпанскиот „АС“, и покрај лошите односи на Роналдо со германскиот привремен менаџер Ралф Рангник, напаѓачот верува дека ќе има далеку подобри односи со следниот постојан тренер, откако во клубот по елиминацијата од Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид заклучиле дека направиле грешка со Рангник.

Роналдо верува дека со вистински менаџер во тимот и со потребните засилувања во летниот преоден рок, Јунајтед можат да се борат за титулата во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите и не загубил верба во клубот.

 

 

 

 

Се вчитува...