КРАЈ НА САГАТА: Столе Димитриевски останува во Ла Лига – Ќе брани за Леванте!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и дефинитивно му кажал ДА на Леванте, по во новата сезона во шпанската Примера ќе биде со нов клуб.

Димитриевски, како што пренесуваат шпанските медиуми, ја прифатил понудата на Леванте и во новата сезона ќе биде на голот на тимот од Валенсија кој оваа сезона повторно се врати во Ла Лига.

Поранешниот клуб на Енис Барди, уште пред два месеци истакна интерес за Димитриевски. Двете страни долго беа во преговори, за македонскиот голман интерес имаше и од Селта и од Елче, но на крај се одлучи за Леванте.

Откако не ја доби вистинската шанса во Валенсија сега е најавен дека Димитриевски ќе биде прв голман на Леванте.

Се вчитува...