Крај на сагата во Динамо Загреб: Јакировиќ доби отказ, желбата е Нико Ковач!

Крај на сагата во Динамо Загреб. Сергеј Јакировиќ и официјално денеска утрово добил отказ од клупата на „модрите“, пренесуваат хрватските медиуми.

Членовите на Извршниот одбор уште синоќа донеле одлука за разрешување на Јакировиќ, од каде и информацијата дек прва опција за нов тренер е 52-годишниот Нико Ковач.

Меѓутоа Нико Ковач за Динамо Загреб е најверојатно – невозможна мисија. Затоа што Ковач, за себе и за својот стручен штаб, барал премногу пари, што хрватскиот шампион не може да си го дозволи.

Годишна плата за Ковач и неговиот стручен штаб би била 2,5 милион евра, па загрепчани во случај на предвремен раскин на договорот би морале да исплатат – чуда. Ковач, ако Динамо ги прифати неговите услови, би бил убедливо најплатен тренер во историјата на клубот, и би имал поголеми примања од било кој фудбалер во историјата на клубот.

Се вчитува...