Сапуницата што траеше речиси цело лето конечно заврши, Џими Батлер си заминува од Минесота тимбервулвс и својата кариера ја продолжува во дресот на Филаделфија.
Олстар кошаркарот неколку месеци наназад инсистираше да му биде дозволено да си замине од Минесота, но клупската управа ги одбиваше понудите на клубовите оценувајќи ги како недоволно добри. Батлер во меѓувреме почна да настапува за Минесота, разговорите за негов „трејд“ продолжија, за вечерва да биде обелоденето дека „волците“ постигнале договор со Филаделфија, со што овој кошаркар ќе им се приклучи на Џоел Ембид и на Бен Симонс во дресот на „сиксерси“.
Минесота во размена за Батлер и за Џастон Петон ќе ги добие Дарио Шариќ, Роберт Ковингтон, Џерид Бејлес, како и „пикот“ на Филаделфија од втората рунда во драфтот во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА