Играчот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман отпадна за француската репрезентација за двата пријателски натпревари против Германија и против Чиле поради повреда.
За офанзивниот играч на француската репрезентација ова ќе значи и крај на една неверојатна серија. Французинот одигра 84 меча по ред за Франција, односно на ниту еден не паузираше, и тоа се неверојатни бројки. Меѓутоа повредата заработена на дуелот со Барселона, го спречи да ја продолжи оваа серија.
Гризман има вкупно 127 натпревари за Франција, а интересно е тоа што на последните 84 меча не беше ниту еднаш заменет.
Франција ќе игра контроли против Германија во Лион на 23 март, и против Чиле во Марсеј на 26 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА