Крај на серијата на Струга ТЛ: „Лавовите“ се тие кои ги запреа стружани… (ВИДЕО)

Се најде екипа која го запре победничкиот од на Струга ТЛ на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар од 9. коло, Македонија ЃП ремизираше (1-1) на домашен терен со Струга ТЛ, на тој начин конечно запирајќи ги стружани кои имаа досега осум победи од осум натпревари.

По крајно мирното прво полувреме, сите возбудувања на мечот се случија во второто полувреме.

Струга ТЛ беше на пат кон деветта победа, поведувајќи во 62. минута со голот на Буњамин Шабани. Одлична акција на Бесарт Ибрими, а потоа Шабани од 12 метри откосо мајсторски шутираше за 0-1.

Но, во 86. минута по прекрасната акција и нафрлување од Емир Скендери, нововлезениот Филип Алексовски погоди од непосредна близина за конечни 1-1.

Претходно, Македонија ЃП имаше и пенал во 84. минута но не успеа да го реализира Ермедин Адем.

Се вчитува...