Крај на серијата од шест натпревари без триумф на Болоња во Серија А

Болоња стави крај на серијата од шест натпревари без победа во Серија А откако во 16. коло славеше на гостувањето кај Верона со 2-3.

Домаќините беа оние кои први поведоа благодарение на голот на Орбан во 13. минута, но славјето траеше само до 21. минута пред Орсолини да изедначи на 1-1.

Веќе во 29. минута гостите поведоа со голот на Одгард, а во 44. минута стигнаа и до предност од 1-3 со погодокот на Кастро.

Автоголот на Фраулер во 72. минута за 2-3 наговести интересен финиш во која Верона сепак не успеа да стигне до изедначување.

Се вчитува...