Крај на серијата порази: Весли е херојот на Рома

Рома стави крај на серијата на порази во Серија А откако во последниот натпревар од 15. коло во најелитното италијанско првенство славеше со минимални 1-0 против Комо.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Весли Франка кој во 61. минута одлично се најде во шестнаесетникот носејќи предност за својот тим која остана на семафорот до крајот на средбата.

Со овој триумф Рома останува на четвртата позиција на табелата со 30 освоени бодови. Комо пак кој го забележа вториот пораз во низа со 24 бодови е на седмата позиција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...