Кошаркарот на Црвена Звезда, Џоел Боломбој отпатувал во Соединетите американски држави со дозвола на белградскиот кошаркарски тим со цел да направи дополнителни анализи на заработената повреда.
Боломбој е надвор од терените од 13. март по повредата на натпреварот против Милано, а и покрај тоа што првичната процена беше дека ќе биде надвор од теренот од три до шест недели, овој период помина, а тој бара второ мислење за целосна рехабилитација.
Постои можност и за најлошото сценарио – 31-годишниот крилен центар воопшто да не заигра до крајот на сезоната што би било огромен проблем за Црвена Звезда во обидот да ја одбрани титулата во АБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА