Џоел Ембид го очекува подолга пауза од кошаркарските терени откако беше утврдено дека повредата на коленото на актуелниот МВП на лигата воопшто не е наивна.
Деталните лекарски прегледи покажале сериозно оштетување на менискусот на левото колено, поради кое Ембид ги пропушти последните неколку средби на Филаделфија и како што стојат работите наскоро нема да се врати назад на терените. Во последните денови се водат консултации меѓу Ембид и лекарскиот тим на Филаделфија околу начинот на третман на оваа повреда, но речиси сигурно е дека одличниот центар ќе мора да замине „под нож“, за да го реши овој проблем и да не стравува од негово обновување во наредните неколку години.
Ако Ембид биде опериран, тоа ќе значи пауза од најмалку три месеци од кошаркарските терени, што би значело и крај на сезоната за асот на Филаделфија. Во тој случај Ембид дефинитивно не би можел да настапува до крајот на регуларниот дел од сезоната, а евентуален камбек би имал само доколку неговиот тим стигне далеку во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

