Крај на сезоната за Едуардо Камавинга

Лоши вести доаѓаат за Реал Мадрид. Како што стојат работите, Едуардо Камавинга ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

По лекарските прегледи било утврдено дека Едуардо Камавинга се здобил со тешка повреда на бутниот мускул на левата нога. Тоа значи дека францускиот фудбалер ќе ги пропушти сите преостанати натпревари од сезоната, како и Светското клупско првенство и финалето од Лигата на нации со Франција.

Тој нема да биде во финалето на трката со Барселона за титулата во Ла Лига, како и во финалето на Купот на кралот исто така против Каталонците.

Се очекува да му требаат два месеци да се опорави, а можеби и три во најлошото сценарио.

Се вчитува...