Крај на сезоната за Ентони Дејвис

Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Ентони Дејвис, ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната 2025/26 поради повреди на раката, но и повреда на препоните.

Визардс донесоа официјална одлука да не го вратат Дејвис на теренот до крајот на сезоната, за да може целосно да се опорави и да биде подготвен за сезоната 2026/27.

Дејвис пристигна во Вашингтон од Далас Маверикс кон крајот на рокот за размена, во голема размена во која Визардс ги добија и Џејден Харди, Д’Анџело Расел и Данте Ексум.

Се вчитува...