Сезоната 2024/25 за шпанскиот голман Гонзало Перез де Варгас официјално е завршена откако се потврди најлошото можно сценарио по тешката повреда на натпреварот против Бидасоа во шпанскиот шампионат.
Фантастичниот голман го повреди коленото во 40. минута и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, а по деталните прегледи утврдено е дека станува збор за скинати лигаменти.
Перез де Варгас го очекува пауза до крајот на сезоната по која воедно ќе заврши и неговата кариера во Барселона. Шпанецот од следната сезона ќе настапува за германскиот Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

