Kрај на сезоната за Хуркач

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач откри зошто се повлече од Олимписките игри.

Седмиот тенисер во светот неодамна објави дека поради повреда на коленото нема да може да учествува на Олимписките игри во Париз.

„Се боревме да играм на Олимписките игри, но не ни одеше. Не можев. Би било премногу опасно да се игра во Париз веднаш по повредата“, изјави Хуркач.

Полскиот тенисер потоа откри дека ја заврши сезоната.

„Разговарав со лекарите и осум од десет рекоа дека најреално е следната година да играм во Австралија“, изјави Хуркач.

Се вчитува...