Индијана Пејсерс ќе мора да бидат без Ивица Зупац до крајот на сезоната, кој се здоби со сериозна повреда на натпреварот против Портланд.
Според информациите од американските медиуми, хрватскиот центар доживеал фрактура на реброто, а поради времето потребно за закрепнување, нема да се врати на теренот оваа сезона.
Зубац пристигна во Индијана на крајот од рокот за размена од Лос Анџелес Клиперс, но поради проблеми со повредата, не можеше да остави голема трага. Одигра само пет натпревари во дресот на Пејсерс.
Во тој краток период, тој имаше просек од 11,6 поени, 7,2 скока и 1,8 асистенции за околу 24 минути по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

