Крај на сезоната за Јусуф Нуркиќ

Зад центарот од Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ е успешна сезона во дресот на Јута Џез, во која забележа три од четири трипл-дабл учиноци во кариерата, но таа заврши за 31-годишникот од Тузла.

Нуркиќ чека операција на носот, а франшизата од Солт Лејк Сити потврди дека центарот  нема да стапне на паркетот до летото, и многу е можно да ги одигра последните минути за овој тим.

Причината е таа што договорот на Нуркиќ истекува следното лето и е прашање дали Јута, која 13-та во Западната конференција и е во фаза на создавање нов тим, ќе може да го задржи во тимот. Сигурно е дека 22-годишниот Кајл Филиповски ќе добие можност да игра наместо Нуркиќ како стартер центар до крајот на сезоната.

Се вчитува...