Ѕвездата на Бруклин Нетс Кајри Ирвинг поради повреда ќе го пропушти останатиот дел од сезоната во НБА лигата, потврдија од клубот. Ирвинг сезонава никако не успеа да поврзе повеќе натпревари, а да нема проблем со повреда. По деталните прегледи потврдено е дека Ирвинг ќе мора да оди на операција на рамото и дека шансите за негово враќање сезоната се сведени на минимум.
Ирвинг во досегашниот дел од сезоната веќе пропушти 26 натпревари поради проблеми со рамото, а од клубот одлучија дека подобро е сезонава да биде ризикувана како заедно со Кевин Дурант кој исто така ќе ја пропушти оваа година, следната да можат да ја нападнат титулата во НБА.
Kyrie Irving will reportedly undergo shoulder surgery and miss “extended period of time”: https://t.co/YYidRfZHTE pic.twitter.com/E3xiVxJZpA
— Complex (@Complex) February 20, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА