Очај за Далас: Крај на сезоната за Кајри Ирвинг! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Далас, Кајри Ирвинг ја заврши сезоната поради повреда.

Ирвинг ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, уште во првата четвртина во поразот на Маверикс од Сакраменто Кингс од 98-122. Па, сега следат официјалните информации од САД дека Ирвинг нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната.

Клучниот момент се случи веќе на стартот од дуелот, кога плејмејкерот на Мавс, Кајри Ирвинг мораше да ја напушти играта поради повреда на коленото. Плејмејкерот на домаќините не можеше сам да оди во соблекувалната. Иако му требаше помош при одење, тој ги изведе двете слободни фрлања кои следеа откако беше фаулиран – и погоди двата пати.

Ова е нов проблем за Мавс, откако тие претходно останаа и без центарското трио, Дејвис, Лајвли и Гефорд.

Се вчитува...