Јувентус си ја искомпликува судбината во трката за скудетото, а згора на тоа „старата дама“ на дербито со Наполи остана без својот најдобар дефанзивец, Џорџо Кјелини. Искусниот одбранбен фудбалер мораше да биде заменет по само неколку минути игра, а првичните информации говорат дека не станува збор за проблем со мускулот, туку истегнување на лигаментите на коленото.
Во таборот на „старата дама“ не се оптимисти дека Кјелини би можел да се рехабилитира навреме за клучните натпревари сезонава, почнувајќи од дербито со Интер во Милано наредниот викенд.
„Ги чекаме резултатите од лекарските прегледи, но речиси сигурно е дека Џорџо нема да игра со Интер. Дали ќе се врати сезонава, навистина никој не може да каже во моментов“ – изјави тренерот Масимилијано Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА