Крај на сезоната за Кристијан Трапановски

Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски ја заврши сезоната откако заработи тешка повреда на лигаментите на коленото за време на натпревар во Купот на Шкотска. Како што пренесува „Дејли Рекорд“, медицинските прегледи потврдиле дека операција е неизбежна.

Крилното напаѓач на Данди јунајтед ќе отсуствува од терените најмалку шест месеци, што е голем хендикеп за тимот со оглед на неговиот статус на првотимец. Трапановски сезонава забележа 22 настапи со учинок од еден гол и две асистенции.

Иако неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната, клубот има опција за продолжување на соработката за дополнителни 12 месеци, одлука која веројатно ќе зависи од текот на неговата рехабилитација.

Се вчитува...