Наоми Осака предвреме ја заврши оваа сезона, откако самата потврди дека повредата на грбот е премногу сериозно за да може поскоро да се врати на терените. Станува збор за повреда заработена на турнирот во Пекинг, по која Јапонката нема да може да настапува во следните два месеца.
Осака требаше да биде дел од репрезентацијата на Јапонија на „Били Џин Кинг“ купот кој се одржува во Малага во ноември, но ќе го пропушти овој собир како и турнирот во Токио.
„Мислев дека се работи само за истегнување, но магнетната резонанца во Пекинг покажа дека ми искочил диск во грбот, а покрај тоа имам и пукнатина на стомачните мускули.
Тренирав во Лос Анџелес со цел да играм на турнирите во Јапонија, но по уште еден преглед на магнетна резонанца се виде дека не ја залечив повредата“, откри Осака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА