Крај на сезоната за Нејмар по тешката повреда на коленото (ВИДЕО)

Само два месеци откако реализираше трансфер тежок половина милијарда евра од ПСЖ во саудиски Ал Хилал, Бразилецот Нејмар заработи тешка повреда на дуелот меѓу Уругвај и Бразил во квалификациите за СП 2026.

Нејмар со лош доскок сам се повреди при дуел со противнички играч, па веднаш беше однесен во клинички центар.

Според првичните лекарски прегледи се работи за повреда на лигаментите на коленото од левата нога и менискусот, тешка повреда поради која најверојатно за него ќе биде завршена оваа натпреварувачка сезона.

За Нејмар сега следи хируршка интервенција, и пауза од шест до девет месеци. Прашање е дали ќе може да биде подготвен за Копа Америка, шампионатот на Јужна Америка, кој се игра за осум месеци.

Лекарските извештаи се дека се клучните следните 24 часа. Ќе се следи состојбата на коленото по што и дефинитивно ќе мора да оди на операција.

Се вчитува...