Mакедонскиот репрезентативец, Илија Несторовски ќе мора да паузира меѓу четири и шест недели по повредата на бутниот мускул која ја заработи на мечот против Читадела, информираа денеска од Палермо.
Тоа безмалку значи и крај на сезоната за Несторовски во Серија Б, со оглед на фактот што шампионатот во Втората лига на Италија завршува на 18. мај.
Во клучниот дел од сезоната Палермо, кој е во трка за двете водечки позиции кои водат во Серија А, ќе биде без најдобриот свој фудбалер. Доколку Палермо не успее да заврши на една од двете први позиции на табелата, Несторовски можеби ќе може да помогне на крајот од мај во разигрувањето за влез во Серија А.
Тоа значи дека Палермо во клучнот дел од сеозната ќе биде без нашиот репрезентативец, кој оваа сезона е прв голгетер за тимот од Сицилија со 13 постигнати гола.
Нестор – гол, како што е познато, заработи повреда на бутниот мускул на десната нога и мораше да ја напушти играта во 30.минута против Читадела, кога на негово место влезе Ла Гумина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА