Носителката на 23 гранслем титули, Серена Вилијамс нема да игра повеќе до крајот на сезоната. 36-годишната американска тенисерка го откажа учеството на турнирот во Пекинг и реши предвреме да се повлече. Нејзиното место на турнирот ќе го зазема Екатерина Макарова
Серена Вилијамс е шампионка на овој турнир од 2004 и 2013 година. Последен пат таа настапуваше во Пекинг во 2014 година кога беше елиминирана во четвртфиналето од Саманта Стосур.
Некогаш најдобрата тенисерка во светот, ја завршува сезоната со 18 победи и шест порази. Последен официјален меч сезонава и беше финалето на УС Опен во кое загуби од Наоми Осака. Серена предизвика голем скандал во текот на мечот за титулата во Њујорк и доби казна од 17.000 долари, а потоа реши и да се повлече.
Турнирот во Пекинг ќе се одржи од 29 септември до 7 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА