Стоперот на Челси, Весли Фофана, најверојатно ќе го пропушти остатокот од актуелната сезона. Ова во јавноста го потврди менаџерот на сините, Енцо Мареска.
Фофана се повреди на мечот против Астон Вила на крајот на 2024 година, кога му „настрада тетивата“.
„За жал, Вес ќе биде надвор од теренот уште долго време“, изјави Мареска.
Фофана е четвртиот најплатен играч во историјата на Челси, откако лондонскиот клуб во 2022 година на Лестер му плати 80.400.000 евра. Потоа потпиша договор на седум години, а поскапи од него беа само Енцо Фернандес (121 милиони), Мојсес Каиседо (116 милиони) и Ромелу Лукаку (113 милиони).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА