Играчот за врска на француската репрезентација и на Астон Вила Бубакар Камара го повреди коленото и според сите најави сезоната за него е завршена, а под знак прашалник е и неговиот настап на Европското првенство во Германија.
Камара заработи повреда на лигаментите на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед.
„Состојбата на Камара ќе биде појасна по дополнителни консултации со специјалистот за колено“, стои во соопштението на премиерлигашот.
Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека оваа сезона е завршена за 24-годишниот Французин. Камара пристигна во Вила во 2022 година од Марсеј, станувајќи еден од клучните играчи на клубот од Бирмингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА