Крај на шпекулациите: Ендрик останува во Реал Мадрид во јануари

Шпекулациите дека Ендрик во јануари ќе го напушти Реал Мадрид ги демантираше тренерот на европскиот и шпански првак, Карло Анчелоти.

Суперталентираниот бразилски напаѓач игра многу помалку од очекуваното, па англиските медиуми неодамна го „преселија“ на позајмица во Саутемптон.

„Зошто не игра секогаш? Секогаш го избирам најдобриот тим, не ми е гајле дали фудбалерот има 18 или 40 години “, рече трофејниот Италијанец и додаде:

„Понекогаш мислам дека ни треба Ендрик во тимот, а понекогаш не. Во секој случај сметаме на него “.

Ендрик, кој има 18 години, оваа сезона одигра вкупно 14 натпревари за Реал и постигна два гола.

Се вчитува...