Крај на сите шпекулации: Гвардиола на клупата на Сити и идната сезона

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола реши да стави крај на шпекулациите за својата иднина и јасно посочи каде ќе биде следната сезона. Во досегашната тренерска кариера, Гвардиола не се задржал никаде толку долго како во Манчестер Сити, бидејќи е на клупата на „Граѓаните“ речиси десет години.

Еден од најдобрите тренери на сите времиња пристигна на „Етихад“ во летото 2016 година од Баерн и успеа да освои сè што можеше, а ја исполни и својата најголема цел пред неколку години – освојување на Лигата на шампионите.

Минатата година, Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2027 година, поради шпекулациите дека го напушта клубот.

Тој рече дека неговата работа во овој клуб сè уште не е завршена и дека не е дојдено време да го напушти Манчестер Сити.

Иако Гвардиола е под важечки договор, во изминатите неколку месеци повторно се појавија гласини дека тој ќе го напушти клубот на лето и дека на маса има неколку профитабилни понуди надвор од Европа.

Сепак, овој пат Гвардиола не сака шпекулациите да одат предалеку и реши да стави крај на тоа уште на самиот почеток.

„Се уште не сме целосен тим да се натпреваруваме во сите натпреварувања, но сигурен сум дека ќе бидеме подобри следната сезона, Следната сезона ќе биде подобра за нас во Манчестер Сити, немам сомнеж во тоа“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...