Крај на уште една сага: Јашари доаѓа во Милан, Бриж кажа ДА

Милан успеа да заврши уште еден важен трансфер откако „росонерите“ по долги преговори конечно најдоа заеднички јазик со Бриж за ангажман на Ардон Јашари. Овој 23-годишен фудбалер беше „пикиран“ од директорот Таре како идеален партнер во средниот ред за Лука Модриќ, но „росонерите“ се соочија со огромни проблеми во преговорите со Бриж.

Бројни понуди беа одбивани, во меѓувреме белгискиот клуб добиваше и повисоки суми, од Интер, како и од клубови од Премиер-лигата, но Јашари остана доследен на дадениот збор на Милан, одбивајќи ги сите овие понуди со јасна порака до Бриж дека сака да се пресели само во овој и во ниту еден друг клуб.

На крајот, денеска конечно беше постигнат договор меѓу клубовите, Бриж ќе добие загарантирани 34 милиони евра плус милиони преку лесно остварливи клаузули. Јашари веќе ги имаше договорено личните услови, петгодишен договор за 2,5 милиони евра по сезона, па се очекува швајцарскиот репрезентативец утре да допатува на лекарски прегледи и потпис во Милано.

Се вчитува...