Бруно Петковиќ со години беше најдобар напаѓач на Динамо Загреб, а кога беше објавено дека тој ќе го напушти „Максимир“ се веруваше дека без многу проблеми ќе најде нов ангажман.
Сепак, преговорите во изминатиот месец сериозно се одолговлекоа, особено откако Хрватот отпатува во Шпанија на потпис со Алавес, а потоа „му се загуби секоја трага“, без било какво објаснување зошто тој трансфер пропадна. На крајот, Петковиќ од вчера и официјално најде нов клуб потпишувајќи договор со турскиот прволигаш Кочаелиспор.
Овој клуб и претходно беше поврзуван со 30-годишниот хрватски репрезентативец, за вчера и официјално да биде потпишан двогодишен договор за плата од 1,5 милиони евра по сезона.
𝐀 𝐧𝐞𝐰 𝐜𝐡𝐚𝐥𝐥𝐞𝐧𝐠𝐞! pic.twitter.com/6VZdUzaPO7
— Kocaelispor (@Kocaelispor) July 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

