Крај на уште една трансфер-сагса: Мициќ го избра новиот клуб

Враќањето на Василије Мициќ назад во Евролигата е жешка тема во европската кошаркарска јавност повеќе од два месеца, но се чини дека и оваа трансфер-сага наскоро ќе заврши откако српскиот плејмејкер влезе во завршна фаза од преговорите со Олимпијакос.

Јавна тајна е дека Хапоел Тел Авив му нудеше најмногу пари на Мициќ, но тој не сакаше да потпише за израелскиот тим кој во меѓувреме го доведе Крис Џонс од Валенсија како нов адут на тренерот Итудис. Фенербахче и Црвена Звезда исто така беа опции, но Србинот на крајот пресече избирајќи ја Грција за следна дестинација во кариерата.

Мициќ се откажа од шест милиони долари за да го раскине предвреме договорот со Милвоки и да стане достапен на европскиот пазар, по што во последните денови ги интензивираше преговорите со Олимпијакос. Начелно се договорени речиси сите детали за тригодишна соработка за загарантирана плата од минимум 3 милиони евра по сезона, но и богати бонуси за секој освоен трофеј во црвено-белиот дрес, па челниците на Олимпијакос се надеваат дека најдоцна до крајот на оваа седмица ќе го комплетираат овој мега-трансфер.

Се вчитува...