Овогодинешното издание на Вимблдон заврши и за третиот носител Алекс Зверев, кој денеска по огромна битка беше елиминиран од Ернест Гулбис со 2-3 во сетови. Германецот се спаси во минатата рунда, кога едвај го елиминираше американскиот тинејџер Фриц, но овојпат среќата не му беше наклонета на Зверев. Тој имаше предност од 1-0 и од 2-1 во сетови, но потклекна кога беше најважно, па Гулбис ги доби последните два сета со 6-3, 6-0 и заслужено се најде во осминафиналето.
Многу интересно беше и на дуелот меѓу Русинот Качанов и Американецот Тиафое. Се чинеше дека Тиафое ќе се најде во осминфиналето откако обезбеди предност од 2-0 во сетови, но рускиот тенисер собра сили за камбек и на крајот триумфираше со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА