Крај во Европа и за Тиквеш: Исландски Бреидаблик ја анулираше предноста на кавадарчани од Скопје (ВИДЕО)

И фудбалерите на Тиквеш го завршија својот европски настап ова лето со елиминација уште во 1. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, откако загубија со 3-1 на реваншот против исландски Бреидаблик.

По победата од 3-2 пред една недела во Скопје, овој пораз на Исланд значеше крај за Тиквеш во Европа, во своето деби на меѓународната сцена во историјата.

А, супер-старт имаше Тиквеш отворајќи го денешниот меч со гол уште во 9. минута од средбата за водство од 0-1. По асистенцијата на Бразилецот Витао, Едиз Спахиу одлично стрелаше за водство од 0-1 на Тиквеш.

Но, во 44. минута Стеиндорсон, по едно невнимание во шеснаесетникот на Тиквеш, успеа да израмни за 1-1 на полувремето.

Исландски Бреидаблик многу брзо со стартот на второто полувреме ја анулираше предноста на македонскиот тим. Веќе во 53. минута од средбата, Исланѓаните дојдоа до предност од 2-1.

Лоша реакција на голманот на кавадарчани, Стефан Тасев кој дозволи погодок на Гунлаугсон со не толку опасен шут од повеќе од 25 метри одалеченост.

И, кога се чинеше дека мечот ќе оди кон продолженија, во 85. минута домашните постигнаа гол преку Кристинсон, а со ‘помош’ и на македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, за конечна победа од 3-1, што значеше елиминација за македонскиот претставник во Европа.

Breidablik [3]-1 Tikves [5-4 on agg.] – Kristófer Kristinsson 85′
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...