Крај за Босна и Херцеговина: Литванија ги расплака Нуркиќ и „компанија“

Една од најсимпатичните репрезентации на Евробаскетот, Босна и Херцеговина го заврши својот настап откако во одлучувачкиот натпревар од последното коло во Б групата загуби од Литванија со убедливи 87-70.

Натпреварот започна во егал и кошаркарите на Босна и Херцеговина одиграа добра прва четвртина која заврши со нерешен резултат 28-28. Падот следеше во вториот период во кој „змејовите“ постигнаа само 14 поени, а Литванија на пауза замина со предност од 56-42.

Литванија почна фуриозно и на стартот на второто полувреме и на седум минути до крајот на третиот период стигна и до највисоките плус дваесет 62-42. Кошаркарите на БиХ заиграа подобро во продолжение, но Литванците успеаја да го исконтролираат мечот за конечни 87-70.

Јонас Валанчиунас одигра неверојатен натпревар кој го заврши со 13 поени, 15 скока и 5 асистенции, додека Григонис беше најпрецизен во таборот на победникот со 16 поени. Кај поразените залудни беа 22 поени на Џанан Муса.

Се вчитува...