И официјално заврши катастрофалната сезона на минатогодишниот вицешампион во НБА лигата, Далас маверикс.
Откако го „трејдаа“ Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс само се покажа каква грешка направи тимот од Тексас. Во мечот од плеј-офот за осмото место во Западната конфереција, Мавс доживеаја убедлив пораз од Мемфис гризлис од 120-106.
Џерен Џексон јуниор со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 40 поени на Ентони Дејвис.
Последното место во плеј-офот на Истокот го обезбеди Мајами хит кој славеше на гостувањето кај Атланта Хоукс со 114-123. Тајлер Хироу со 30 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 29 поени постигна Тре Јанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА