Крај за големиот Брејди – Далас ја елиминираше Тампа Беј

Далас Каубојс лесно ги совлада Тампа Беј Баканерс со 31-14 во последниот натпревар од првото коло на плеј-офот во НФЛ лигата.  Гостите од Тексас уште од почетокот на мечот јасно  и ставија до знаење на Тампа и Брејди дека нема што да бараат на овој меч.

Тампа ги постигна своите први поени на крајот од третата четвртина кога Том Брејди го пронајде Хулио Џонс кој намали на 24-6. До крајот на натпреварот и двете екипи постигнаа по еден тачдаун и без драма Далас заслужено се пласираше понатаму.

Прескот одигра речиси совршен натпревар со 304 јарди низ воздухот и 24 на земја за пет тачдауни. Дали ова ќе биде последен натпревар во кариерата на Том Брејди останува да видиме по завршувањето на сезоната.

 

 

Се вчитува...