Крај за легендата: Стен Вавринка го одигра последниот меч на Австралија опен

Поранешниот шампион и една од најголемите легенди во 21 век во тенискиот свет Стен Вавринка го одигра својот последен натпревар на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.

Швајцарецот кој ја игра последната година во кариерата по голема борба во 3. коло на турнирот во Мелбурн загуби од американскиот тенисер, Тејлор Фриц со 3-1, по сетови 7-6, 2-6, 6-4 и 6-4.

Вавринка најголемиот резултат на Австралија опен го направи во 2014 година кога славеше на турнирот во Мелбурн славејќи во големото финале над Рафаел Надал.

Се вчитува...