Борац Бања Лука ја заврши својата овосезонска бајка во Европа, завршувајќи го во осминафиналето патот во Конференциската лига на УЕФА.
Борац, во чии редови играат македонските фудбалери Бобан Николов и Дамјан Шишковски, како и Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера, загуби вечерва дури по продолженијата со 2-1 од австриски Рапид во Виена и го заврши европскиот пат.
Во регуларниот дел мечот во Виена заврши 1-1, идентично како и на првиот меч во Бања Лука.
Бобан Николов во игра влезе во 75. минута од средбата кај Борац, а на клупата за резервни фудбалери е и репрезентативниот голман Дамјан Шишковски.
Шауб во 96. минута постигна гол за Рапид со кој го однесе својот тим во четвртфиналето од Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

