Крај за маратоните на Вимблдон, ќе има тај-брејк во петтиот сет

Во петтиот сет, на 12-12, на Вимблдон од следната година ќе се игра тај-брејк, соопшти Ол Ингланд клубот. Ваквата одлука доаѓа откако решавачкиот сет во годинашното полуфинале меѓу Кевин Андерсон и Џон Иснер траеше речиси три часа. Андерсон го доби сетот со 26-24 и повика да се размисли за промена на форматот.

Управата на Вимблдон соопштува дека е дојдено вистинското време за воведување тај-брејк во „разумен момент“. Победник ќе биде тенисерот кој ќе дојде до седум поени или до разлика од два или повеќе поени.

Од Вимблдон соопштуваат дека одлуката е донесена по прегледување на дуели од последните 20 години како и во консултaција со тенисерите и со официјалните лица. Правилото ќе важи за сите конкуренции.

 

Се вчитува...