Кандаскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим и Полјакот Хуберт Хуркач се елиминирани уште во првото коло на тенискиот турнир Ролан Гарос, откако денеска загубија од Матео Арналди, односно од Жоао Фонсека.
Оже Алијасим „пркоцка“ водство од 2-0 во сетови, за на крај неговиот противник да направи голем пресврт и да дојде до победа.
Хуркач, пак, кој е 28 на АТП листата, загуби од 65-тиот Фонсека убедливо со 0-3. Бразилецот ги доби сите три сета убедливо, одосно два со 6-2 и еден со 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

