На четвртиот ден од УС Опен ја доживеавме најголемата сензација, бидејќи елиминирана е актуелната шампионка од Вимблдон, Барбора Крејчикова.
Чехинката беше елиминирана во второто коло во Њујорк откакобеше поразена од Романката Елена Габриела Русе во два сета, 6-4 и 7-5.
Русе е 122. играчка во светот и влезе во главната ждрепка преку квалификациите, па нејзината победа над осмата носителка и неодамнешна победничка на Вимблдон е најголема во нејзината кариера.
Крејчикова е и шампионка на Ролан Гарос од 2021 година, а своевремено беше и втора тенисерка на ВТА листата. Романката во третото коло ќе игра против Паола Бадоса од Шпанија, која со 2-0 ја победи Американката Таунсенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

