Најдобриот тенисер на денешницата, Јаник Синер го заврши својот настап на канадскиот Мастерс кој мажите годинава го играат во Монтреал. Синер во четвртфиналето беше поразен од рускиот тенисер Андреј Рубљов, со 2-1, по сетови 6-3, 1-6 и 6-2.
Во полуфиналето Рубљов ќе игра против италијанскиот тенисер Матео Арналди кој беше подобар од Кеј Нишикори од Јапонија.
Втората полуфинална двојка ќе ја добиеме денеска со дуелите меѓу Корда и Зверев и Хуркач и Попирин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

