Крај за Векиќ и Даниловиќ на Австралија опен

Во женскиот турнир на Австралија Опен, изненадувачки Дона Векиќ од Хрватска, испадна од Анастасија Пављученкова, 32. носителка на турнирот. Руската тенисерка славеше со 2-0 (7-6 и 6-0), и така ја елиминираше финалистката на Олимписките игри во Париз.

Крај на Австралија Опен и за српската тенисерка Олга Даниловиќ. Србинката добро одеше до 1/8 финалето, каде налета на шпанската тенисерка Паула Бадоса, која славеше со 2-0 (6-1, 7-6).

Во следната фаза оди и Сабаленка која ја совлада Андреева со 2-0, додека во 1/4 финалето се пласираше и Коко Гауф со победата над Белинда Белиќ од Швајцарија со 2-1.

Се вчитува...